На Бајконур пред лансирањето беше осветен вселенскиот брод „Сојуз МС-28“

На 26 ноември 2025 година, на лансирниот комплекс „Бајконур“ во Казахстан, се одржа молебен со осветување пред лансирањето на вселенскиот брод „Сојуз МС-28“. Богослужбата ја предводеше епископот Актјубински и Кизилордински Игнатиј од Руската Православна Црква.

На молебенот присуствуваа вработени од комплексот „Бајконур“, внуците на истакнатиот советски научник и конструктор на ракетно-космички системи Сергеј Павлович Королев – Андреј и Сергеј, како и соработници на Актјубинската епархија.

На крајот, владиката Игнатиј ги пороси учесниците на богослужбата со осветена вода и им се обрати со поучно слово.

Лансирањето на вселенскиот брод е планирано за 27 ноември. Ова лансирање ќе биде посебно, затоа што надворешниот изглед на ракетата е украсен со цртежи создадени од деца кои се лекуваат од онколошки заболувања. Цртежите што го украсуваат носачот ги испратија деца од 50 градови во Русија и од 14 други земји — секое од нив ја нацрта својата „космичка мечта“.

Извор: https://aktobe-eparhiya.kz/v-bajkonure-sostoyalos-osvyashhenie-kosmicheskogo-korablya-soyuz-ms-28-pered-zapuskom/