На митрополитот Востроски Тимотеј му беше врачен орден на Руската Црква

На 28 август 2026 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, и екзархот на Пресветиот Гроб Господов на Кипар, митрополитот Востроски Тимотеј од Ерусалимската патријаршија, отслужија Божествена Литургија во храмот посветен на свети Никола Чудотворец во кипарскиот град Лимасол.

На архијереите им сослужуваа настојателот на храмот, протојереј Павел Поваљаев, како и поклоници во свештенички чин.

По завршувањето на богослужбата, митрополитот Антониј го прочита поздравното обраќање на Неговата Светост патријархот Московски и на цела Русија Кирил по повод 75-годишнината од раѓањето на митрополитот Вострски Тимотеј.

Со благослов на Поглаварот на Руската Православна Црква, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски, исто така, му го врачи на митрополитот Тимотеј орденот на преподобниот Серафим Саровски од I степен. Егзархот е одликуван со ова високо признание по повод неговиот јубилеј, како и за неговите заслуги за зацврстувањето на врските меѓу Московската и Ерусалимската Патријаршија.

Во својот одговорен збор, одликуваниот архијереј изрази срдечна благодарност до Рускиот патријархот Кирил, истакнувајќи дека со него го поврзува долгогодишно пријателство – уште од времето кога идниот митрополит Тимотеј бил студент на Ленинградските духовни школи, а идниот Поглавар на Руската Православна Црква бил нивен ректор.

Извор: https://patriarchia.ru/article/122649