На 7 јули 2024 година, во втората недела по Педесетница, на празникот на Рождеството на чесниот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, светата тајна Крштение ја примија 84 жители на округот Баринго, во Кенија.
Крштението го изврши свештеникот Петар Лутомија, со благослов на патријаршискиот егзарх на Африка, митрополитот Константин од Зараиск од Руската православна црква, а новооформената парохија е посветена на Свети Јован Претеча, како што е објавено на интернет страницата на Патријаршискиот егзархат на Африка.
Потоа, свештеникот, во сослужение со ѓаконот Јован Шилеси, отслужи Божествена Литургија на која новопросветлените се причестија со Светите Христови Тајни.
Катихезата траеше два месеци и беше извршена од страна на ѓаконот Јован Шилеси, кој минатата година помина курсеви за подготовка на свештенството во Москва. Вероучителот Емануел Ванџала ги поучуваше верните на црковно пеење.
На крајот на богослужбата, отец Петар организираше заедничка трпеза за новите членови на Црквата.










