На 9 август 2024 година во Словјанскиот градски суд се одржа подготвително судско рочиште за случајот на Митрополитот Арсениј од Украинската православна црква. За ова информира Информативно-просветниот оддел на Украинската православна црква, повикувајќи се на изестувањата од прес-службата на Свјатогорската лавра.
Со цел да го поддржат владиката, во судската сала пристигнаа монасите на Свјатогорската лавра и монахињите од Јовановскиот скит во село Адамивка.
Судот ќе започне да го разгледува случајот во врска со обвиненијата упатени кон владиката на следното рочиште во вторник, 13 август.
Во моментот, судијата го прифати барањето на обвинителот за одржување на рочиштата во затворен режим.
По завршувањето на рочиштето, митрополитот Арсениј беше однесен во Днeпровскиот истражен затвор, каде што согласно со одлуката на судот од 25 април 2024 година, архијерејот требаше да биде во притвор 60 дена. Овој период заврши на 22 јуни. Судски одлуки за продолжување на притворот на митрополитот Арсениј не беа донесени.