Над 200 катихумени во Антиохиската црква „Сите Светители“ во Роли, САД

Бројот на огласени во црквата „Сите Светители“ на Антиохиската Патријаршија, во Рали, Северна Каролина, САД продолжува да расте. Во септември минатата година известивме дека парохијата има повеќе од 160 катихумени, од кои 32 беа крстени на 11 јануари.

А во неделата, на 15 февруари годинава, парохијата извести дека има нови 83 катихумени, со што вкупниот број достигнал 215. Парохијата „Сите Светители“, под пастирска грижа на отец Дејвид Вин, е една од многуте парохии во САД што во последниве години доживуваат голем раст.

„Слава Му на Бога за сѐ! Луѓето Го бараат Христа и Го наоѓаат во Православната Црква! Ве молиме имајте ги нашите катихумени во вашите молитви додека се подготвуваат да бидат примени во Црквата!“ – пишува парохијата.

Извор: https://www.allsaintsnc.org/