Над 200 нови верници во Финската Православна Црква годинава

Повеќе од 200 лица оваа пролет беа примени во Православната Црква во Финска, продолжувајќи ја традицијата на примање нови членови во неделите пред Пасха.

Како што соопштува Црквата, најголемиот дел од преминувањата вообичаено се случуваат во периодот од Лазарова сабота до Велика сабота.

Според црковните информации, поголемиот број од новопримените оваа година биле примени преку светата тајна Миропомазание, бидејќи претходно биле крстени на друго место во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Оние што не биле претходно крстени, биле примени преку Крштение и Миропомазание.

Финска православна црква нуди бесплатни катихетски курсеви отворени за сите заинтересирани.

Извор: https://www.ort.fi/ru/в-этому-году-православными-в-финлянди/