Со финансиска поддршка од Православниот христијански мисионерски центар, со седиште во Флорида, Епархијата на Елдорет и Северна Кенија при Патријаршијата на Александрија веќе повеќе од една година активно мисионерски делува меѓу жителите на оддалечениот пустински регион на округот Туркана.
Мисијата дава големи плодови. На 23 мај, Мисионерскиот центар извести за неодамнешното Крштение на 182 катехумени во селото Чокчок, во Кенија. „И покрај логистичките и еколошките предизвици, овие Крштенија симболизираат нов духовен живот што изникнува дури и во најнеплодните предели“, пишува Мисионерскиот центар.
Ова е само последната етапа од низа Крштенија. Вкупно, над 700 луѓе го примиле измивањето на повторното раѓање во текот на изминатите 12 месеци.
„Овие преобразувачки моменти ја отелотворуваат нашата мисија – да ги доведеме луѓето до полнотата на животот во Христос“, пишува Мисионерскиот центар.
Мисионерскиот центар работи во Туркана веќе многу години. Уште во 2016 беше објавено дека над 1.500 лица ја прифатиле православната вера од 2007 година наваму.