Најава за посетата на Римскиот папа Лав XIV на Фанар

Во соопштение објавено на 24 ноември 2025 година, Цариградската Патријаршија известува дека по повод празникот на светиот и славен апостол Андреј Првоповикан, кој исто така е и слава на Цариградската Патријаршија, Римскиот папа Лав XIV ќе го посети Фанар. Папата ќе пристигне во Фанар на 29 ноември.

Најавено е дека потоа Римскиот папа и Цариградскиот патријарх Вартоломеј ќе се упатат кон Патријаршиската Црква, каде што ќе се отслужи Доксологија во присуство на Александрискиот патријарх Теодор II, по што ќе следи „потпишување на заедничката декларација од двата поглавари во Тронската сала“ – се вели во соопштението.

Александрискиот Патријарх е предвидено да началствува на празничната Вечена богослужба, а во неделата на 30 ноември, на Литургијата ќе началствува Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, во сослужение со Патријархот Теодор. На богослужбите ќе присуствуваат Папата Лав, претставници на владата на Грција и други угледни гости.

На крајот од Божествената Литургија, ќе бидат разменети официјални обраќања меѓу Римскиот папа и Цариградскиот патријарх, по што двајцата „ќе го благословат народот од балконот на Патријаршиската Резиденција“ – се вели во известувањето, и се нагласува дека во тие денови пристап во Фанар ќе „биде дозволен само со претходно издадени специјални покани за овие денови“.

Извор: https://ec-patr.org/thronal-feast-official-visit-of-his-holiness-pope-leo-xiv-of-rome-announcement/