Насилно одземен уште еден храм на Украинската православна црква

Претставници Православна црква на Украина (ПЦУ) одзедоа уште еден храм на канонската Украинска православна црква, овојпат во Кременчук, Полтавската област на Украина.

„Сето ова се случи со премолчна согласност на органите за спроведување на законот,“ известува Кременчушката епархија на Украинската православна црква.

„Ги скршија царските двери на иконостасот и влегоа во олтарот; еден од активистите на ПЦУ помина низ дверите и разгледуваше внатре, иако според црковните канони, само свештениците и нивните помошници смеат да влегуваат во олтарот,“ продолжува епархијата. 

Како што е типично за нив, членовите на ПЦУ беа агресивни, груби и вулгарни. 

„Овие окупатори, кои не веруваат во Бога, се луѓе кои прават разделби во општеството и сеат верска омраза,“ се жали епархијата. 

Целиот процес на заземање на црквата го предводеше свештено лице од ПЦУ кому му е забрането да богослужи. 

„Според Кременчушката епархија, меѓу оние што дојдоа да ја заземат црквата, немаше ниту еден парохијанин или лице со каква било врска со Црквата.“ 

Парохиската заедница на заземената црква „Успение на Пресвета Богородица“ на Фејсбук објави дека на физичкото заземање му претходела незаконска пререгистрација на црквата во јули. Иако црквата има стотици активни парохијани, документ со само 26 потписи на лица без никаква врска со Црквата бил поднесен до властите, врз чија основа катедралата била одземена од канонската Украинска православна црква. 

Епархијата пишува и за состојбата на ПЦУ во регионот: 

Недалеку од црквата „Успение Богородично“ се наоѓа храм на ПЦУ, кој постојано е затворен, запуштен однадвор и однатре. Просторот не е одржуван, а на валканите прозорци висат крпи. Литургии се одржуваат еднаш неделно, и тоа започнуваат во 12:00 часот, а вечерни богослужби воопшто нема. Ваков е „литургискиот живот“ на окупаторите од ПЦУ.

Свето-Успенската религиозна заедница на УПЦ брои неколку стотици верници, а не 26 како во ПЦУ.

Јасно е зошто на окупаторите на ПЦУ им е потребен храмот „Успение Богородично“. Храмот на ПЦУ треба да се одржува, да се украсува, да се доведе во убав изглед, но зошто да го прават тоа ако преку железничкиот премин има убаво одржуван храм на УПЦ? Според нивната логика, подобро е да го одземат храмот на заедницата на УПЦ, отколку да направат нешто за својот храм. Таму каде што не си вложил труд, секогаш е подобро. Заедницата на УПЦ има повеќе верници, храмот е во добар изглед, а богослужбите се одржуваат секој ден. Подобро е да се преземе храмот на УПЦ за да стои затворен, отколку да се развива својот храм на ПЦУ.

Од постапките на приврзаниците на ПЦУ се добива впечаток дека тие се водени само од завист. Храмот на ПЦУ е затворен бидејќи луѓето не одат во него, па затоа треба да биде затворен и храмот на УПЦ.

Да направат нешто самите – тоа не е за окупаторите на ПЦУ. Подобро е да се одземе од другите, отколку да се разубавува сопственото.

Извор: http://kremen-eparh.org/27-12-2024-r-rejdery-pczu-zrizavshy-zamky-zajshly-v-svyato-uspenskyj-sobor-dlya-provedennya-tak-zvanoyi-inventaryzacziyi-czerkovnogo-majna/ преку: https://orthochristian.com/166033.html