Не долго по литиите, благословените дождови стигнаа на Света Гора

Пред неколку дена известивме за литиите што се одржаа во сите манастири, скитови и ќелии на Света Гора, како и во Протатот, каде што се чува чудотворната икона на Пресветата Богородица „Достојно ест“.

Три дена подоцна, грчкиот црковен портал „Вима Ортодоксиас“ пренесе фотографии кои сведочат за неприкинати дождови низ целата Света Гора.

Монасите и поклоници се сведоци на услишувањето на нивните молитви, што се смета за чудотворно дело на Пресветата Богородица. Според монасите, ова е знак на милоста и заштитата што ја дава Пресветата на сите што со вера и љубов ѝ се обраќаат – известува „Вима Ортодоксиас“.

Извор: https://www.vimaorthodoxias.gr/agioreitika-nea/den-argisan-na-elthoyn-oi-eylogimenes-vroches-sto-agion-oros-meta-tis-litaneies/