Неделата на Православието прославена во Брисел

На 9 март 2025 година, Недела на Православието беше торжествено прославена во Брисел, со света Литургија на која сослужуваа архијереи од неколку православни цркви. Заедничкото сослужување, на кое се повикани претставници од клирот на сите Православни цркви претставени во Белгија за овој празник, е традиција започната во 1983 година.

На покана на Митрополитот Белгиски и Егзарх на Холандија и Луксембург г. Атинагора, од Цариградската Патријаршија, годинава на празничната прослава учествуваа архијереи од Црквата на Грција, Грузиската, Српската и Бугарската православна црква.

Митрополитот Атинагора не ја сокри својата радост поради заедничката богослужба, во својата проповед на грчки, француски и англиски јазик, тој со топли зборови им се заблагодари на сите присутни и посака наскоро да се надминат меѓусебните разлики, бидејќи Православието не смее да страда поради поделбите.

На празничната богослужба присуствуваа амбасадорите на Македонија, Грција и Романија, како и други претставници на дипломатските мисии и европските институции, официјални гости и голем број верници.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/tarzhestvo-na-pravoslavieto-v-evropeyskata-stolitsa