На 28 јули 2024 година, во петтата недела по Педесетница, кога се празнуваше денот на споменот на светиот рамноапостолен велик кнез Владимир, во Свето-Успенската Киево-Печерската Лавра, беше отслужена Света архијерејска Литургија по повод 1036-годишнината од Крштевањето на Киевска Рус, известува информативната служба на Украинската православна црква.
Божествената Литургија во црквата „Свети Агапит Печерски“ ја предводеше Неговото Блаженство Митрополитот Киевски и цела Украина г.г. Онуфриј, во сослужение на членовите на постојаниот состав на Светиот архијерејски синод на Украинската православна црква, и други архијереи, свештенство, и голем број верни на Украинската православна црква.
По читањето на Светото Евангелие, Неговото Блаженство со беседа се обрати до собраниот народ, говорејќи за сржта на христијанската вера, која ја прифати кнезот Владимир.
Беа прочитани засилени молитви за Украина, за нејзиниот народ, владата и војската, Господ да го даде Својот мир на земјата и да ја излее Својата милост на сиромашните.
По службата Неговото Блаженство Митрополитот Онуфриј им го честиташе празникот на верните и ги благослови сите, посакувајќи Господ да им помогне да чекорат по тесниот и трнлив, но со добар крај, пат кој води кон вечното спасение.