На 4 јули 2024 година беше назначен нов декан на Богословскиот факултет при Аристотеловиот универзитет во Солун. По завршување на гласањето, за декан е избран протопрезвитерот Атанасиј Гикас. Неговиот мандат ќе трае три години.
Тој е роден во 1959 година во Ламија (Грција). Клирик е на митрополијата на Неаполис и Ставруполис , а е свештенослужител во храмот „Св. Харалампиј“ – метох на светогорскиот манастир „Симонопетра“ во Солун. Отец Атанасиј е професор по Пастирско богословие на Солунскиот богословски факултет и има богато пастирско и академско искуство .