Градот Дидкот
Православната епархија на Руската задгранична православна црква во Велика Британија објави за основање на женска монашка заедница, посветена на Благовештението на Пресвета Богородица, во близина на Лондон, во градот Дидкот. Првите жителки на манастирот – монахињата Елена и искушеничката Викторија – веќе се населија во куќата која ќе стане основа на новата монашка заедница.
Овој настан има големо значење за епархијата, бидејќи го обновува лондонското подворје, основано во 1931 година за време на епископот Николај Лондонски. Исто така се обновува традицијата на женскиот манастир Благовештение, кој бил основан во 1954 година со благослов на свети Јован Шангајски и Битолски.
Заедницата во чест на Благовештението сега го продолжува историското наследство, поставено од светителите, и наскоро ќе биде подготвена да прима поклоници.
Извор: https://orthodox-europe.org/content/new-annunciation-podvoria-in-london/ преку https://gorthodox.com/news-item/v-velikobritanskoj-eparhii-otkryvaetsya-novaya-monasheskaya-obshina