Нов светител во Православната Црква на Грција

Со најдлабока трогнатост, Митрополијата на Трика, Гардики и Пили на Црквата на Грција соопштува дека Постојаниот состав на Светиот Синод, на својата седница од 11 март 2025 година, едногласно ја прифатил препораката за впишување на блаженоупокоениот протојереј Димитриос Гагастатис во Диптихот на светителите на Црквата и поднел соодветно барање до неговата Сесветост Цариградскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.

Во официјалниот документ се наведува: 

„По поднесеното барање од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Трика, Гардики и Пили г. Хризостом… беше одлучено да се впише во Светителските Диптиси на Црквата свештеникот Димитриос Гагастатис, човек од сите признаен за својата светост и православен живот, од страна на христољубивиот народ…“ 

Определен е 29 јануари како ден за спомен, денот на неговото преставување. 

Отец Димитриј, како што народот го сакаше и го нарекуваше, беше свештеник на молитвата, понизноста и непрекинатата служба. 

Неговата светост останува жива, а многумина верници продолжуваат да бараат молитвено застапништво од него. 

Светата Митрополија на Трика, Гардики и Пили, со молитва и побожност, ја очекува одлуката на Мајката Црква, преку неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, за официјалното впишување на блажениот свештеник меѓу светителите. 

Со најдлабока трогнатост 
+ Хризостом, на Трика, Гардики и Пили

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/68776-i-dis-apedexthi-tin-eisigisi-gia-agiokatataksi-tou-p-dimitriou-gagkastathi