Нова православна мисија за студенти отворена во Ливерпул, Англија

Во градот Ливерпул, во Англија, беше отворена нова мисија за православните студенти на универзитетите. Почетокот беше обележан на 19 октомври / 1 ноември 2025 година, на денот на споменот на свети Гаврил Грузиски, со служење на првата Вечерна богослужба. Новооснованата мисија, посветена на овој светител, дејствува со благослов на Преосвештениот епископ Лондонски и Западноевропски г. Иринеј од Руската задгранична Православна Црква, за првпат ги вознесе вечерните молитви во универзитетската капела при римокатоличката црква „Св. Филип“ во центарот на Ливерпул.

Охрабрувачки број студенти и млади луѓе се собраа на оваа прва богослужба, заеднички вознесувајќи молитви и поклонувајќи се пред иконата на свети Гаврил, подарена на парохијата „Св. Елисавета“, која содржи честичка од светите мошти на овој угодник Божји.

Во наредните месеци се планира редовно одржување на богослужби.

Извор: https://orthodox-europe.org/content/st-george-student-mission-in-liverpool/