Ново електронско научно списание „Богослов“ на Руската православна црква

Московската духовна академија (МДА) и Центарот за информатички технологии на МДА го претставија првиот број на електронското научно списание „Богослов“.

Научното списание „Богослов“ ќе излегува исклучиво во електронски формат, на страницата bogoslov-journal.ru. Статиите ќе се објавуваат веднаш штом се подготвени, а броевите ќе се составуваат еднаш квартално.

Идејата зад создавањето на електронското научно списание „Богослов“ ја коментираше главниот уредник – доктор по теологија, доктор по технички науки, ректор на Московската духовна академија, епископот Сергиевопосадски и Дмитровски Кирил (кој истовремено е и главен уредник на реномираниот портал „Богослов.Ru“, кој функционира од 2007 година):

— Порталот „Богослов.Ru“ е познат ресурс каде се објавуваат различни материјали: интервјуа, аналитички, научно-популарни и научни статии. Во новата реалност, каде што на авторите им се важни научните референци, решивме да создадеме рецензирано списание базирано на порталот, за научните статии да не бидат изоставени од индексирање во научните бази. Мислам дека авторите ќе го ценат ова — истакна владиката Кирил.

Раководителот на проектот, свештеникот Анатолиј Колот, истакна дека „започнувањето на веб-страницата на списанието е еден од важните чекори во реализацијата на проектот ’Богослови на Русија’. Важно е што статиите од научното списание ќе бидат соодветно индексиран, и планираме соработка со меѓународни научни бази“.

Редакцијата на списанието ги поканува авторите на соработка.

Извор: https://bogoslov.ru/event/6197338