Новокрстени 180 души во Камерун и Чад

Неколку масовни крштевки беа извршени во африканските држави Камерун и Чад во текот на изминатиот месец јули, при посетата на свештенослужители од Патријаршискиот егзархат за Африка на Руската православна црква на локалните заедници во регионот.

Од 12 до 16 јули 2026 година, отец Павле Атангана, настојател на Централниот црковен округ во Камерун, заедно со други свештенослужители, посети повеќе заедници во северниот дел на Камерун и во Чад, каде што крсти голем број локални жители.

На 12 јули, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во храмот посветен на светите апостоли Петар и Павле во селото Добинга, во Северната покраина на Камерун, беа крстени 20 лица.

На 15 јули беа крстени 63 лица, а уште две лица беа примени во Црквата преку Светото Миропомазание.

Во друга заедница во Чад, во истиот период, беа крстени уште 65 лица, меѓу кои и еден селски старешина.

Следниот ден, на 16 јули, во градот Гуен, Камерун, беа крстени уште 32 жители, а едно лице беше примено во Црквата преку Светото Миропомазание.

Огромното мнозинство од огласените претходно исповедале анимистичка вера. Старешините на заедниците и другите новокрстени христијани ја изразија својата радост поради влегувањето во Христовата Црква – известува Егзархатот.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/180-zhitelej-kameruna-i-chada-prinyali-tainstvo-kreshheniya/