Во градот Красилов, во Хмелницката област, на западот на Украина, на 14 мај годинава, непознати лица насилно влегле во храмот „Рождество Христово“ на Украинската православна црква и се заклучиле одвнатре. Прес службата на Хмелницката епархија соопшти дека се работи за припадници на Православната црква на Украина, кои со поддршка од градските власти се обидуваат да го одземат овој храм од Украинската православна црква.
Настојателот на храмот и парохјаните застанаа во одбрана на храмот, повикаа полиција и успеаја да ги извадат насилниците надвор од храмот.
Извор и видео снимка: https://t.me/khm_upc/9680