Неодамна беше објавен првиот православен молитвеник на индонезиски јазик. Новата книга беше претставена на 14 декември во црквата при Епископското претставништво „Свети Владимир“ во Бекаси – известува Патријаршискиот егзархат на Руската црква во Југоисточна Азија.
Книгата е подготвена и издадена со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополит Сергеј Сингапурски и Југоисточноазијски.
Издавањето на молитвеникот има за цел да им помогне на верниците да развијат вештини за свесно читање на молитвите и активно учество во литургискиот живот. Тој е особено корисен за новообратените во христијанството, бидејќи го систематизира процесот на разбирање и усвојување на молитвеното правило.
Патријаршискиот егзархат на Руската црква во Југоисточна Азија во моментов опфаќа 14 парохии.




Извор: https://t.me/exarchateasia/22367 преку: https://orthochristian.com/174626.html
