На 30 јуни 2024 година, во црквата „Воскресение Христово“ во Сеул беше презентирано новото издание – Зборник на богослужбени текстови, објавен од книгоиздателството на Корејската епархија, соопшти прес-службата на Корејската епархија на Московската патријаршија. Книгата содржи збирка текстови за главните православни црковни служби. Покрај циклусот богослужби, вклучени се и молитви за подготовка и благодарност по Светата Причест, како и поредокот на Божествената Литургија.
Текстовите во ова издание се паралелно на корејски и на црковнословенски текстови. Преводот на корејски се работеше неколку години, и беше заеднички проект на Архиепископот Корејски Теофан (Ким), јеромонахот Павле (Чве Чи Јун) и јероѓаконот Нектари (Лим Чан). Објавувањето е овозможено со помош на Фондацијата за поддршка на христијанската култура и наследство.
* * *
Корејската епархија на Московската патријаршија е основана на 26 февруари 2019 година. Оваа епархија е создадена како дел од пошироката Патријаршиска егзархија на Југоисточна Азија, која вклучува и епархии во Сингапур, Тајланд и регионот Филипини-Виетнам. Корејската епархија моментално има четири цркви: „Рождество Христово“ во Сеул, „Рождеството на Пресвета Богородица“ во Пусан, Јужна Кореја, „Света и Животворна Троица“ во Пјонгјанг, Северна Кореја и црквата посветена на Свети Антониј Велики на островот Ендон, Јужна Кореја.
Епархијата служи за поддршка на духовните потреби на православните христијани во пределите на Народната Демократска Република Кореја и на Република Кореа и за промовирање на православното христијанство во земјата. Од своето формирање, епархијата е активна во организирање литургиски богослужби, просветни активности и културни настани за локалната православна заедница.
Извор: https://churchkr.com/2024/07/01/knizhnoe-izdatelstvo-korejskoj-eparhii-vypustilo-v-svet-pravoslavnyj-bogosluzhebnyj-sbornik-na-korejskom-i-russkom-yazykah/ преку: https://orthochristian.com/161112.html