Американската православна издавачката куќа „Несекомаја гора“ објави нова книга во која се претставени учењата на свети Рафаил Бруклински за социјализмот и револуционерните политички идеали на современиот Запад, разгледани низ призмата на православното христијанство.
Книгата, насловена „Против социјализмот“, ги обработува просветителските слогани „Слобода, Еднаквост и Братство“, кои свети Рафаил ги анализира како сили што довеле до соборување на монархиите, предизвикале векови конфликти во Европа и длабоко ги преобразиле западните општества.
Во делото е претставена неговата критика на современата револуционерна идеологија како насока за верниците во справувањето со современите политички текови.
Книгата е опишана како практична по својот пристап и нуди анализа на овие идеали врз основа на Евангелието, при што свети Рафаил ја претставува христијанската вистина онака како што се пројавува во животот на Христос. Низ неколку кратки поглавја, тој ги повикува читателите да се вратат на „царскиот пат“ на православната вера.
Изданието „Против социјализмот“ кое има 56 страници, претставува четврти том од серијата „Дела на свети Рафаил Бруклински“. Книгата во моментов е достапна за продажба преку издавачката куќа.

Извор: https://uncutmountainpress.com/products/against-socialism
