Обнова на црквите и манастирите на Грузиската Патријаршија

На 21 јули оваа година, Неговата Светост и Блаженство, Католикос-Патријарх на цела Грузија, Архиепископ Мцхетско-Тбилиски и Митрополит Бичвинтски и Цхум-Абхазиски, Шио III, во патријаршиската резиденција ги прими министерката за култура Тинатин Рухаѕе и нејзината делегација.

На средбата се разговараше за потребата од формирање заедничка работна група која ќе работи на заштита на културното наследство и рехабилитација на црквите и манастирите што се во сопственост на Патријаршијата. Членовите на групата, составена од претставници на Патријаршијата и соодветните институции од Министерството, заеднички ќе ги планираат соодветните активности. Со благослов на Патријархот, планот за работа на групата ќе се разгледа во најскоро време.

На средбата присуствуваа: раководителот на Советот за архитектура, реставрација и уметност при Грузиската патријаршија, Митрополитот Алавердски Давит (Махараѕе), Епископот Никорцминдски Вахтанг (Липартелиани), заменик-претседателот на Привремениот комитет за рехабилитација на Гелати, архимандрит Кирион (Ониани) и раководителот на Службата за односи со јавноста при Патријаршијата, протојереј Андрија Џагмаиѕе.

Исто така, на средбата учествуваа и заменик-министерот за култура Григол Церцваѕе и заменик-директорот на Националната агенција за заштита на културното наследство, Нугзар Чхеиѕе.

Извор: https://sazu.ge/posts/post/2999