Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Керкира, Паксос и Диапонтиските Острови г. Нектариј, од Црквата на Грција, по своето враќање од патувањето во Русија, каде што, како што известивме, за поклонение однесе дел од моштите на свети Спиридон, светителот кој е заштитник на островот Крф, каде што се чуваат неговите нетлени мошти, објави обраќање во врска со споменатото патување. Имено, во грчката јавност ова патување беше толкувано на различни начини, делумно беше и критикувано, па заради тоа митрополитот Нектариј го даде ова објаснување, кое во продолжение го пренесуваме интегрално.
Кога се вративме во Грција, откако ги пренесовме во Русија чесните мошти на десната рака на светиот и чудотворец Спиридон за поклонение на благочестивиот руски народ, сметаме за неопходно да забележиме, во вид на прв извештај, некои наши мисли и впечатоци, а исто така да дадеме и некои неопходни, според наше мислење, појаснувања за она што дознавме дека се случувало претходните денови и било објавено, некогаш од добра намера, некогаш од незнаење, некогаш од злонамерност и страсна природа, која како епископ на Православната Црква и ја простуваме и ја прескокнуваме.
1. Поканата што ја добивме од Црквата на Русија на 10 јануари 2026 година првично беше за поклоничко пренесување на светите мошти во Митрополитот на Астана и Казахстан од 14 до 30 септември 2026 година.
За таа цел испративме соодветен документ до нашата претпоставена власт, Светиот синод на Црквата на Грција, на 24 март 2026 година. Пренесувањето беше одобрено со документ на Светиот синод на Црквата на Грција на 5 мај 2026 година.
На 22 јуни 2026 година беше испратено ново писмо од Црквата на Русија, преку кое, по претходна усна комуникација, се бара и се одобрува од Блаженејшиот патријарх Московски и на цела Русија г. г. Кирил пренесувањето на светите мошти од 17 август до 17 септември 2026 година и во Москва и во други региони на Русија.
За таа цел поднесовме ново барање до Светиот синод на Црквата на Грција на 26 јуни 2026 година, барајќи дозвола и одобрение од нашата претпоставена власт, кое ни беше дадено со документ на 1 јули 2026 година.
Затоа, заминувањето и поклонението се реализираат со благослов и одобрение од Светиот синод на Црквата, при што соодветните документи се потпишани од Претседателот на истиот, Блеженејшиот архиепископ Атински и на цела Грција г. г. Јероним.
2. Ова патување доаѓа како продолжение на слични патувања во минатото: во Соединетите Американски Држави (во 2017 година), на Кипар, во Русија, во Украина, во Србија, во Романија, во Полска, во Белорусија, во Грузија и на други места, но исто така и во светите митрополии на Црквата на Грција.
Сите патувања се реализираа по покани од соодветните црковни власти, со согласност, благослов и писмена дозвола од Светиот синод на Црквата на Грција.
3. Како и на ова свето поклонение што се одржува во Црквата на Русија, така и секаде на друго место, целта на пренесувањето на десната рака на светиот Спиридон е исклучиво православните христијани ширум светот, кои немаат можност да дојдат во Керкира, да можат да ја примат благословот на светителот, да се засили нивната вера, да се зацврсти нивната борба во една епоха на секуларизација, обесцрковување, преобразба на вредностите, мешање на сè, како што го доживуваме и во нашата татковина.
Сликите, каде и да отидовме, како и на патувањето во Русија, беа и се крајно трогателни и полни со надеж.
Свети Спиридон е вселенскиот светител на едноставноста, смирението, љубовта кон Бога и кон човекот, светител кој нè потсетува на вредноста на светата литургија и на молитвата, но и на неизменетата вера, бидејќи ги бранеше нашите свети догми за време на Првиот вселенски собор, од чиешто одржување дури минатата година се навршија 1600 години.
Го живееме благословот на светителот, претходно постојано го доживуваме искуството на Воскресението што го носи неговото нераспадливо тело, во седиштето на нашата света митрополија, во Керкира.
Гледајќи одблизу на љубовта, побожноста, почитувањето, верата на луѓето на досегашните поклонички патувања со пренесувањето на десната рака на нашиот Светец, помислив уште еднаш дека на крајот волјата Божја беше ова, луѓето ширум светот да можат да ја примаат, преку поклонението на овој најмал дел од светите мошти, благодатта Божја преку молитвите на Светецот.
Секој што учествувал во четирите годишни литии на нетленото тело на Светецот во Керкира, кој никогаш другпат не се преместува од светиот храм, освен за литиите и тоа кратко, гледа како десната рака претходи на светото тело, додека во чинот на „Басмата“ свештеникот што ја носи ја благословува народ пред Епископот со неа, како што налага керкирскиот ред и традиција.
4. Она што го доживеавме овие денови во Русија навистина ги надминува сите очекувања.
Илјадници луѓе, со неверојатно човечко трпение, со ред и поредок, чекаа со часови, каде и да отидовме, да се поклонат на светите мошти и да ја земат благословот на светителот.
Извикавме и извикуваме: „Жив е Господ Бог“! Се зарадувавме! Бевме трогнати!
Не сметаме дека овие луѓе требаше да бидат лишени од благословот на светителот поради причини кои не ја допираат религиозната вера, туку се геополитички. Овие причини ќе исчезнат, се надеваме и се молиме, во одреден момент. Но, благословот на светителот ги надминува времените и сегашните работи.
5. Во врска со нашето учество во светата Литургија, со која началствуваше Неговото Блаженство патријархот Московски и на сета Руса г. г. Кирил, сакам да ги потсетувам сите, оние што знаат и оние што не знаат, дека Црквата на Грција, кон која и јас припаѓам, никогаш не ја прекина заедницата со Црквата на Русија (како што тоа го нема направено ниту нашата Вселенска Патријаршија, ниту Александриската Патријаршија).
Поради оваа причина и Светиот синод на Црквата на Грција дозволи реализација на поклонението.
Ние не сме надлежни да разрешуваме разлики, ниту да ги сметаме за доволни причини за народот да не му се поклони на свети Спиридон.
Се молиме „за соединувањето на сите“ и „за мирот на целиот свет“ и почувствувавме овие денови дека постои и надеж и можност, потпирајќи се на љубовта и молитвите на нашите светии, заеднички да се соочиме со какви било несогласувања и различни пристапи, кои понекогаш се изразуваат со акции што никој не би сакал да се случат, но се случуваат во макотрпната историја на Црквата.
Присуството на светителот за нас е знак дека, без оглед на разликите, сите сме Православни и правилно го делиме словото на Вистината, што е нашата заедничка вера во Троичниот Бог и нашиот живот во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, Православната.
6. На крајот, должен сум да потсетам дека во Керкира доаѓаат сите епископи, свештеници и верници кои сакаат и, исполнувајќи го критериумот на црковната каноничност, служат и се причестуваат кај свети Спиридон и ја споделуваат со епископот на Керкира, свештенството и народот на локалната Црква, радоста да ја примаат благословот на нашиот заштитник свети Спиридон и да ја пренесуваат во месните Цркви, кои чии пастири се и ги опслужуваат, а исто така се нивни активни членови. „Бесплатно зедовме, бесплатно даваме!“
Христољубивиот и благочестив народ на Крф тоа го гледа и го знае, како што исто така постојано ги сведочи делата на љубовта, човекољубието, мисионерството и поддршката што неговата Црква му ги нуди возврат.
Се вративме, првата мисија, со славословие кон Седобриот Бог.
Се засили и нашата сопствена вера. Му се заблагодаруваме на Светиот Синод на Црквата на Грција, нашата претпоставена власт, бидејќи ни даде канонска дозвола и благослов да го поделиме големиот дар што Бог дозволи да го имаме на Крф, нашиот Свети Спиридон, со еден благочестив народ, каков што е рускиот, со кој нè поврзуваат вековни врски, оние кои започнаа кога Вселенската Патријаршија и грчката Византиска држава ја донесоа христијанската вера во Киев во 988 година по Христа.
Овие врски меѓу народите, со почеток во православната вера и идентитет, не можат да бидат избришани од геополитички причини, кои нема да траат вечно. Црквата беше, е и ќе остане основата на заедничкиот пат и единство.
Постапките на луѓето се оценуваат и ќе се оценуваат, според мислите, стратегиите, условите на секоја епоха.
Но, верата не можеме и не треба да ја оспоруваме.
