На 11 јуни се празнува споменот на светиот апостол Варнава, кој е основач и заштитник на Кипарска црква. Тој му бил соработник на апостол Павле, а го проповедал Евангелието во Ерусалим, во Антиохија, во Рим и во неговата родна земја – Кипар. Автокефалноста и самоуправноста на Кипарската црква се темели врз личноста и дејноста на апостол Варнава, затоа што негова прва и главна дејност била ракополагање на локални епископи и свештеници на Кипар.
По повод празникот, на 11 јуни 2024 година (според т.н. нов календар, кој е во официјална употреба во Кипарската црква), во катедралниот храм „Св. апостол Варнава“ во Левкозија, беше отслужена Литургија, на која началствуваше Кипарскиот Архиепископ Георгиј. Нему му сослужуваа членови на Светиот Синод на Кипарската црква и претставникот на Цариградската патријаршија, Кидонискиот митрополит Атинагора.
Извор: https://churchofcyprus.org.cy/22726 , https://churchofcyprus.org.cy/92738