Одбележана е 30-годишнината од канонизација на свети Јован Шангајски и Битолски

На 28 јуни 2024 година, во катедралниот храм „Радост на натажените“ во Сан Франциско (САД), во навечерието на празникот по повод 30-годишнината од отворањето на моштите на свети Јован Шангајски, беше отслужено сеноќно бдение. Пред богослужбата беше пречекана Корено-Курската Богородична икона. На бдението началствуваше поглаварот на Руската задгранична црква, Митрополитот Источно-Американски и Њујоршки Николај. Нему му сослужуваа архијереи на Руската задгранична црква, бројно свештенство и народ.

По завршување на богослужбата, Митрополитот Николај ѝ подари на Западно-Американската епархија архивски документ од 1974 година (честитка, испратена од здружението на православна младина „Св. Борис и Глеб“ до тогашниот поглавар на Руската задгранична црква Филарет).

На 29 јуни беше отслужена Литургија, на која началствуваше поглаварот на Руската задгранична црква Николај во сослужение на повеќе нејзини архијереи, кон кои се приклучи и Архиепископот Санфранциски и Западно-Американски Венијамин (од Православната црква во Америка). Исто така, сослужуваа и претставници од полесните православни Цркви.

Заедничарењето продолжи по Литургијата, со свечена празнична трпеза.

Извор: https://www.synod.com/synod/2024/20240701_sf.html