На 13 јуни 2024 година, на празникот на Господовото Вознесение, во храмот „Вознесение Христово“ во Белград беше отслужена Литургија, на која началствуваше Српскиот Патријарх Порфириј. Претходниот ден, од манастирот „Ќелије“, во белградскиот вознесенски храм беа донесени моштите на преподобен Јустин Келијски. Исто така, во Белград пристигна и Корено-Курската икона на Богородица „Знамение“, придружувана од поглаварот на Руската задгранична црква, Митрополитот Њујоршки и Источноамерикански Николај. Така, Литургијата беше отслужена во присуство на спомнатите светињи.
На Патријархот Порфириј му сослужуваа: Митропоитот Николај, заедно со архијереи од Руската задгранична црква, архијереи и свештенослужители од Српската православна црква и многуброен верен народ.
На крајот од Литургијата, Патријархот Порфириј потсети на подвигот на преподобниот Јустин Келиски (Поповиќ) и на чудесната историја на Богородичната икона „Знамение“, па го повика верниот народ да се поклони на светите мошти и на чудотворната икона и да учествува на Спасовденската литија.
Според традицијата, пред осветувањето на славските дарови, беше отслужен помен на постраданите белграѓани, загинати во засолништето во портата на Вознесенскиот храм, за време на бомбардирањето на Белград, на 6 април 1941 година.