17 мај, како Ден на светоста на семејството и почит кон родителите, во Грузија е воспоставен во 2014 година на иницијатива на Неговата Светост Патријархот-Католикос Грузиски г.г. Илија и вклучува еднонеделна поворка од градот Ризе во Турција, до Тбилиси.
На 11 мај оваа година, како и минатите години, свештенството ја премина турско-грузиската граница со иконата Богородица Ацурска и започна молитвена поворка, следејќи го патот што го поминал светиот апостол Андреј Првоповикан, кој се смета дека бил првиот што го проповедал Христовото Евангелие во Грузиската земја. (Повеќе за Грузиската црква можете да прочитате тука)
На 17 мај иконата Богородица Ацурска пристигна во главниот град, Тбилиси. Местобљустителот на Патријаршискиот трон на Грузија, Митрополитот Сенакиско-Чхороцку г. Шио (Симеон) се обрати пред многубројниот народ собран во црквата Свети Георгиј – Кашвети, која се наоѓа спроти грузискиот парламент, а потоа заедно со другите архијереи и свештенството одржа молебен. Молебен исто така беше одржан и во црквата Света Троица, каде што заврши поворка со иконата.
Премиерот на Грузија г. Иракли Кобахидзе, претседателот на парламентот г. Шалва Папуашвили, градоначалникот на Тбилиси г. Каха Каладзе и други владини претставници присуствуваа на богослужбите во храмовите Свети Георгиј и Света Троица и учествуваа во поворката.
Со благослов на Неговата Светост Грузискиот Патријарх-Католикос г.г. Илија, Денот на семејството беше одбележан со големи прослави во различни градови на Грузија: Мцхета, Рустави, Кутаиси, Батуми, Гори, Поти, Телави, Сенак, Самтредија, Зугдиди, Ахалцихе, Мартвил, Озургети, Они, Цагер, Душети, Зестафон итн.
Сè на сè, тоа беше величествен државен празник, кој се одликуваше со голем размер, со мир и меѓусебно почитување. Може да се каже дека учествуваше целото население на Грузија, без разлика на националност и вера, како сведоштво дека семејните вредности се суштински и од огромно значење за сите.