Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован X изрази благодарност и почит кон Неговата Светост Патријархот московски на цела Рус г.г. Кирил, во своето писмо кое е одговор на писмото на солидарност што Неговото Блаженство го прими од Рускиот Патријарх по воената ескалација во Либан. Во одговорот на Неговото Блаженство од 11 октомври 2024 година се вели:
„Со длабоко чувство и благодарност го примив Вашето писмо на солидарност во кое изразивте срдечна поддршка и искрено сочувство по последната ескалација што се случува во регионот на Блискиот Исток, особено во Либан. Ви благодарам за Вашите благородни чувства и ја упатувам мојата молитва заедно со Вас кон Христос, Отецот на светлините, да го зацврсти Својот мир во срцата, да ги утеши сите и да ги помилува душите на настраданите. Исто така, ја упатувам мојата молитва за мир во Вашиот регион, молејќи го Господарот на мирот да го изгасне огнот на војната чија жртва е човекот, повикан да биде според сликата на славата на својот Создател.
Нека Бог го чува рускиот народ и Руската црква, и нека Ве води со Својата десница додека ја раководите Руската црква, осветлени од светлината на Неговото свето Евангелие.”