На 10 ноември оваа година се навршија 11 години од основањето на епархијата Сурами и Хашури на Грузиската православна црква. По повод овој датум, епископот на Сурами и Хашури Симеон (Цакашвили) отслужи свечена богослужба во женскиот манастир „Свети Георгиј“ во Хашури, каде што ги додели следните одликувања за верната и посветена служба во црквата:
– Игуменот Јов (Гегешидзе) е унапреден во чин архимандрит и награден со право да носи митра;
– Игуменот Илија (Хачидзе), старешина на машките манастири „Света царица Тамар” и „Свети пророк Илија” во Сурами, е унапреден во чин архимандрит и награден со право да носи митра;
– Игуменот Лукијан (Герадзе), старешина на машкиот манастир „Вознесение Господово” во село Цроми, е унапреден во чин архимандрит и награден со право да носи митра;
– Протоерејот Александар (Стефнадзе), старешина на соборниот храм „Свети Георгиј” во Сурами, е награден со право да носи украсен крст и митра;
– Свештеникот Корнелиј (Харазишвили), старешина на храмот „Света Марина” во село Биџниси, е унапреден во чин протојереј и награден со право да носи златен крст;
– Свештеникот Михаил (Пцкиаладзе), старешина на храмот „Свети Давид Градител” во Хашури, е унапреден во чин протојереј и награден со право да носи златен крст;
– Свештеникот Александар (Цицкишвили), старешина на храмовите „Свети Георгиј” во Ташискари и „Успение на Пресвета Богородица” во Сативи, е унапреден во чин протојереј и награден со право да носи златен крст;
– Свештеникот Давид (Каберашвили), старешина на соборниот храм „Свети Јован Крстител” во Хашури, е унапреден во чин протојереј и награден со право да носи златен крст;
– Игуманијата Неонила (Долиашвили), старешина на женскиот манастир „Свети Георгиј” во Хашури, е наградена со право да носи украсен крст;
– Монахињата Клавдија (Индуашвили), старешина на женскиот манастир „Света Марина” во Хашури, е унапредена во чин игуманија и наградена со право да носи златен крст;
– Монахињата Евфросинија (Рехвиашвили), настојателка на женскиот манастир „Свети Николај” во Квишхети, е унапредена во чин игуманија и наградена со право да носи златен крст.