Одлука на Цариградската патријаршија за поранешниот Митрополит Пафоски г. Тихик

Членовите на Светиот Синод на Цариградската патријаршија едногласно ја потврдија синодската одлука на Кипарската црква во однос на поранешниот Митрополит Пафоски, г. Тихик.

Влаиката Тихик се обрати до Цариградската патријаршија со жалбена петиција според неговото сфаќање за неканонско отстранување од престолот на Митрополијата на Пафос. Оваа одлука беше донесена од страна на Синодот на Кипарската Црква минатиот мај.

Денес, петок, 17 октомври 2025 година, Светиот Синод ги продолжи своите разгледувања и детално ја испита поднесената жалбена петиција од Тихик. Тој беше примен пред Синодот на Цариградската патријаршија. За време на постапката, членовите на Синодот му поставуваа прашања во врска со обвиненијата против него, на кои тој одговори.

По разгледувањето на предметот, Синодот забележа одредени процедурални пропусти за време на сослушувањето на случајот на Митрополитот Тихик пред Светиот Синод на Кипарската црква, во однос на одредбите од нејзиниот Устав. Сепак, сите членови на Светиот Синод на Цариградската патријаршија едногласно ја потврдија синодската одлука на Кипарската Црква, откако суштински го испитаа случајот.

На крајот, на поранешниот Митрополит Пафоски му беше препорачано да се потчини на одлуките на Светиот Синод на неговата Црква за негова духовна корист и заради мирот и единството на Црквата.

Извор: https://ec-patr.org/anakoinothen-gia-tis-ergasies-tis-agia-45/ преку https://orthodoxtimes.com/ecumenical-patriarchate-to-tychikos-obey-the-decisions-of-the-holy-synod-of-the-church-of-cyprus/