Одлуки од Светиот Собор на Српската Црква: нови светители и четиригодишно средно богословско образование

Редовното заседание на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква започна на 13 мај 2025 година со соборна архијерејска Литургија и призив на Светиот Дух во храмот „Свети Сава“ во Белград, на која началствуваше на Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. Порфириј и сослужение со присутните архијереи на Српската Православна Црква.

Заседанието на Соборот се одржа во духот на одбележувањето на два големи јубилеи: 1700 години од Првиот Вселенски собор во Никеја и 850 години од раѓањето на Свети Сава Српски. Тие ќе бидат обележани со литургиски собири, научни собири, академии, конференции, тркалезни маси и изложби.

Нови светители

Соборот, по предлог на надлежната комисија, со радост ги впиша во диптисите на светите следните личности и го одреди датумот за празнување на нивниот спомен:

* Свети Никодим (Милаш), епископ далматински – 4 октомври / 21 септември

* Исповедник Кирил (Цветковиќ), протосинѓел – 12 октомври / 29 септември

* Свештеник Михаило Барбиќ – 22 / 9 јануари

* Свештеник Илија Родиќ – 9 мај / 26 април

* Преподобномаченик Јован Стјенички – 10 август / 28 јули

* Света и блажена Ана, мајка на Свети Василиј Острошки – 13 мај / 30 април

* Маченици Решковачки (1688, од Турците) – 4 мај / 21 април

* Маченици и преподобномаченици ’Рмањски – 10 септември / 28 август

* Маченици Гаравички и Бихаќко-Петровачки – 27 / 14 јули

Изменет е датумот на празнување на децата маченици од Јастребарско и Сисак – отсега ќе се празнуваат на 13 јули / 30 јуни.

Востеновени се нови празници: Споменот на Собор на Свети Отци кои поучувале или учеле на Православниот Богословски факултет во Белград ќе се празнува 6 февруари / 24 јануари, а наоѓањето на моштите на преподобниот Јаков Тумански на 21 / 8 октомври

Четиригодишно богословско образование

Соборот донесе одлука да се премине кон четиригодишно средно богословско образование, што ќе започне од 1 септември 2025/26 учебна година.

На Соборот беа сослушани извештаите за работата на сите образовни установи на Српската Црква, како и извештајот на соборската Комисија задолжена да подготви предлози за реформа на наставниот план и програма во средното богословско образование на Српската Православна Црква. По сослушувањето, Соборот со одобрување ги прифати заклучоците од работата на споменатата Комисија и донесе одлука за воведување четиригодишен систем на средно образование во српските православни богословии, кој ќе започне да се применува од 1 септември, во учебната 2025/26 година.

Страдање на православните христијани во светот

Собор и оваа година се позабави со духовните последици од воените конфликти ширум светот. По тој повод, Соборот уште еднаш ги потсетува релевантните меѓународни институции на страдањето на православните христијани во Украина, Сирија, Палестина, како и кај нас, на Косово и Метохија, апелирајќи до сите што имаат моќ, да ги спречат понатамошните крвопролевања, омразата, нетрпеливоста, неправдата и беззаконието.

Нов состав на Светиот Синод

Во Светиот Архијерејски Синод мандатот заврши за Митрополитот Браничевски г. Игнатиј и Архиепископот Горњокарловачки г. Герасим и тие стануваат заменици. Митрополитите Фотиј и Теодосиј остануваат членови. За нови членови се избрани: Митрополитот бачки г. Иринеј и Епископот Будимљанско-никшиќки г. Методиј.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//14048.saopstenje-za-javnost-svetog-arhijerejskog-sabora–srpske-pravoslavne-crkve-.html