Одреден е денот на устоличувањето на новиот поглавар на Финската православна црква

Неговото Високопреосвештенство Архиепископ на Хелсинки и цела Финска Лав ќе се пензионира на 1 јануари 2025 година. Изборот на нов претстоител на Финската православна црква ќе се одржи на помесниот собор на оваа црква, во четврток на 28 ноември 2024 година.

Устоличувањето на новиот поглавар на Финската православна црква ќе се одржи на Божествената Литургија во храмот Успение Богородично, Хелсинки, на 15 декември 2024 година.

Ќе биде организиран директен пренос на богослужбата преку интернет.

Финската православна црква е автономна црква во рамките на Цариградската патријаршија.