На 23 јуни 2026 година во Одеса група непознати лица насилно да го презеле храмот „Свети Александар Невски“. За ова известуваат од Одеската епархија на Украинската Православна Црква.
За време на заземањето на храмот во Одеса, лица поврзани со ПЦУ (Православната Црква на Украина чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) го претепале секретарот на Одеската епархија на Украинската Православна Црква. За ова извести портпаролот на епархијата, ѓаконот Андреј Паљчук, кој изјави дека станува збор за насилно преземање на светилиштето од луѓе кои немале никаква врска со храмот.
Клирикот на ПЦУ во Одеса, Теодор Оробец, изјави дека ПЦУ има намера да го преименува храмот. Тој објави видео на кое група непознати мажи се движат низ храмовниот комплекс и влегуваат во црквата. Оробец тврди дека „вистинските парохијани на храмот“, меѓу кои ги вбројува „нашите ветерани, свештеници и капелани“, влегуваат во својот храм.
Исто така, тој изјави дека храмот „отсега ќе се нарекува храм посветен на светиот преподобен Агапит Киево-Печерски“. Во друго видео, снимено во внатрешноста на црквата, Оробец негодува поради фреската на која се прикажани царските страстотрпци, Андреј Богољубски и Димитриј Донски. Од зад камерата се слуша глас кој вели: „Нема ниту еден наш“.
Според Оробец, во храмот има и икони на „Матрона Московска и Ксенија Петербуршка – обележја на московскиот религиозен живот“.
