Во Киево‑Печерска лавра е ограничен влезот во храмот на Воздвижението на чесниот Крст и до храмот наречен „Топол“, со што манастирското братство остана без пристап до последните цркви во кои сè уште се извршуваа богослужби – известува Сојузот на православни журналисти.
На 17 февруари 2026 година претставници на Украинските државни служби ги смениле катанците на овие два храма. За тоа информира адвокатот на лаврата, протоереј Никита Чекман на својот Телеграм канал.
Катанците до кои братството на Лаврата имало пристап биле пресечени и на нивно место ставени нови катанци, токму на денот кога се одржуваше судско рочиште за прашањето за пристапот на Украинска православна црква до храмовите на Горната лавра. Како резултат на тоа, на монасите им е блокиран пристапот до светињите.
Извор: https://spzh.eu/ru/news/91301-zapovednik-srezal-zamki-na-dvukh-khramakh-nizhnej-lavry
