Одземениот храм на Украинската православна црква предаден на користење на навивачите на фудбалскиот клуб „ЛНЗ“

Фудбалскиот клуб „ЛНЗ“ од Черкаси потпиша договор со ПЦУ (Православна Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) за користење на црквата „Св. Архангел Михаил“ во Черкаси, како засолниште за навивачите. Оваа црква неодамна беше насилно одземена од Украинската православна црква, за што известивме.

Генералниот директор на фудбалскиот клуб „ЛНЗ“ од Черкаси, Андреј Колесник, во интервју за медиумот „18000“ изјави дека клубот потпишал комерцијален договор со актуелните сопственици на црквата „Св. Архангел Михаил“, со што храмот ќе се користи како засолниште за фудбалските навивачи. Ова значително го зголемило бројот на гледачи на стадионот за време на натпреварите, бидејќи поради воената состојба клубот може да продаде само онолку билети, колку што може да обезбеди места во засолниште во случај на тревога. Со овој договор, „ЛНЗ“ добил право да продава не 400, туку 1000 билети, што значително ќе ги зголеми приходите на клубот. 

Според Колесник, Украинската православна црква одбила да соработува, додека ПЦУ потпишала договор со клубот за користење на подземната просторија на храмот како засолниште за време на натпреварите. Деталите за договорот, вклучително и финансиските услови, не се обелоденети. 

„Потпишавме договор и помогнавме во уредувањето на засолништето во подрумот на црквата, која се наоѓа спроти стадионот“, изјави директорот, додавајќи дека „претходните сопственици“ не сакале да го дадат храмот за таа намена. 

Претходно, Сојузот на православни журналисти објави дека ПЦУ го користи одземениот храм во Черкаси и како концертна сала.

Извор: https://spzh.eu/ru/news/85159-zakhvachennyj-sobor-v-cherkassakh-budet-ispolzovatsja-kak-ubezhishche-dlja-fanatov