На 20 јуни 2024 година, во Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, се одржа средба на претседателот на Одделот, Митрополитот Волаколамски Антониј со новоназначениот претставник на Српскиот Патријарх при Московскиот патријаршиски престол, епископот Ремезијански Стефан.
На средбата учествуваа: протојереј Николај Балашов (советник на Патријархот Московски и на сета Рус Кирил), протојереј Игор Јакимчук (заменик претседател на Одделот) и архимандрит Александар Котов (секретар на подворјето на Српската православна црква во Москва).
Ремезијанскиот епископ Стефан му го врачи на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски указот на Српскиот Патријарх Порфириј за своето назначување за старешина на подворјето.
Митрополитот Антониј срдечно го поздрави претставникот на Српската православна црква, посакувајќи му Божја помош во неговата понатамошна важна служба, насочена кон зајакнување на врските на љубов и на братство меѓу Руската и Српската црква.
За време на долгиот и срдечен разговор, беа допрени различните прашања на односите меѓу двете Цркви, перспективите за нивно понатамошно развивање, како и други теми, кои се од заемен интерес. На крајот беа разменети подароци.