Во раните утрински часови на 24 септември 2025 година беше извршена кражба во Антиохиската православна црква „Св. ап. Петар и Павле“ во Буцбах, близу Хесен, Германија. Околу 3 часот по полноќ парохискиот свештеник, кој живее веднаш над црквата, слушнал необични звуци од храмот.
Најпрво излегол на терасата, но не забележал никого и се вратил дома. Кратко потоа повторно се слушнале звуците. Свештеникот тогаш слегол во црквата, ја отклучил и забележал дека во влезниот ходник вратите на тоалетите биле отворени. При влегувањето во храмот, видел дека царските двери на олтарот биле отворени околу 50 сантиметри. Првин помислил дека станува збор за промаја и се вратил во својот стан.
Меѓутоа, околу 5:30 часот, непосредно пред почетокот на Литургијата, повторно влегол во храмот и утврдил дека повеќе предмети во олтарот не биле на своето место. При понатамошна проверка се покажало дека црквата е ограбена.
Полицијата и крим-техничарите биле веднаш повикани. Истражителите потврдиле дека сторителите влегле во храмот преку прозорец од тоалетот. Тие украле богослужбени предмети: дискос со ѕвезда, круни за венчавање, два големи дискоси, четири мали дискоси, лажичка за причест и кивот со мошти од свети Јаков од Хаматура и од свети Арсениј Кападокиски.
Извор: https://orthodoxnews.de/de/nachrichten/83571-einbruch-in-antiochenisch-orthodoxe-kirche-in-butzbach
