Опело и погреб на новоупокоениот монах Митрофан Хиландарец 

Во Господа упокоениот монах Митрофан Хиландарац беше погребан во Светата царска српска лавра Хиландар на Света Гора во недела, 19 јануари 2025 година, на празникот Богојавление. 

Телото на отец Митрофан, согласно светогорската традиција, во текот на ноќта беше положено во посебна носилка и поставено во припратата на хиландарскиот католикон. Целата ноќ братството се менуваше читајќи го Псалтирот. 

На денот на неговото упокоение, Водокрст, беше подготвен гроб на манастирските гробишта. Според правилото, се откопува најстариот монашки гроб, чии останки се пренесуваат во манастирската костурница, а новоупокоениот монах се погребува во него. 

По Богојавленската Литургија, во припратата на храмот беше отслужено опело за отец Митрофан. Телото беше пренесено во литиска поворка до манастирските гробишта, каде што беше положено во гробот.

Извор: https://www.hilandar.org/opelo-i-sahrana-novoprestavljenog-monaha-mitrofana-hilandarca/