Силни реакции низ цела Грција предизвика постапката на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, кој на едно јавно појавување победнички ја подигна својата патерица и извика „Слава Украини“ — слоган кој многумина го поврзуваат со нацистичкото минато и со злосторствата на соработниците на Германците во Втората светска војна – известуваат грчките медиуми.
Во продолжение пренесуваме дел од овие реакции, кои ги преземаа и црковните медиуми во Грција.
Целото грчко општество беше згрозено од скандирањето на Вартоломеј!
Настанот предизвика шок, бидејќи, наместо да застане во одбрана на православните кои се гонети и колени на Блискиот Исток или да зборува за прогонот на канонската Украинска Православна Црква и нејзините свештеници, Патријархот избра да ги истакне татарските муслимани, историски непријатели на елинизмот и сојузници на режимот на Зеленски.
На видеото што се појави на социјалните мрежи, Вартоломеј се гледа како ја подигнува својата патерица со израз на победник, додека покрај него Архиепископот Американски Елпидофор се насмевнува и одобрува.
Сликата, која на многумина им личеше повеќе на политички митинг отколку на црковна свеченост, предизвика бура од реакции.
Неколку коментатори истакнаа дека улогата на Патријархот не е да делува како „пропагандист“ ниту да повторува пароли што предизвикуваат поделби, туку духовно да го води православниот свет.
Курсот на Фанар насочен во корист на режимот на Зеленски, молкот пред прогонствата на канонските православни во Украина и приближувањето кон групи непријателски кон елинизмот создаваат сè поголема отуѓеност меѓу Патријаршијата и нејзиното сопствено паство.
Извор: https://www.romfea.gr/oikoumeniko-patriarxeio/72054-slava-oukraina-apo-ton-oikoumeniko-patriarxi
