Во шестата недела по Пасха, Неделата на слепиот, на 9 јуни 2024 година, Патријаршискиот егзарх за Западна Европа на Руската православна црква, митрополитот Корсунски и Западноевропски г. Нестор, изврши големо осветување на црквата „Покров на Пресвета Богородица“ во Мелиде, кантон Тичино, Швајцарија. Во престолот на осветениот храм беа поставени моштите на древните и особено почитувани светци во овој регион: мачениците Протасиј, Гервасиј, Назариј, Келсиј и свети Амвросиј Милански.
Потоа во новоосветениот храм Патријаршискиот егзарх на Западна Европа отслужи Божествена Литургија на која му сослужуваа свештеници од Швајцарија и Италија, со учество на бројни верници, парохјани, поклоници и гости од различни парохии од Швајцарија и Италија.
Потоа архијерејот, светштенството и мирјаните споделија празнична трпеза.
Православната заедница во кантонот Тичино, кој е единствениот кантон во Швајцарија каде само италијанскиот јазик е официјален, е создадена во 2010 година. Првите богослужби се одржуваа во мала католичка црква во Масањо.
Во есента 2012 година, заедницата имаше можност да купи мал храм во градот Мелиде, кој се наоѓа во непосредна близина на Лугано. Зградата на храмот била изградена во 1931 година, од страна на германската евангелско-лутеранска заедница од Лугано.
Во 2012 година, во рамките на заедницата беше создадено Здружението „Chiesa Ortodossa Russa della Svizzera Italiana“ („Руската православна црква на Италијанска Швајцарија“).




