По Патријаршиската утрена и Божествената литургија во Грчката православна црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Хамптонс, САД, во неделата на 21 септември 2025 година Цариградскиот Патријарх Вартоломеј соопшти дека свештеникот Александар (Алекс) Карлуцос е воздигнат во Велик протопрезвитер на Цариградската Патријаршија. Со други зборови, тој сега е првиот свештеник на Патријаршијата, титула што може да ја носи само еден човек во даден момент.
Отец Алекс, кој прими „Медал за слобода“ од Американскиот претседателот Џо Бајден во 2022 година и го смета за свој најблизок пријател, е контроверзна, но несомнено влијателна фигура во светското православие – се вели во известувањето на Сојузот на православни журналисти во Америка. Тој имаше потфати како: лобирање за Турција да дозволи неопходни обновувања во Фанар, обезбедување работи на црквата на Гробот Господов во Ерусалим, собирање 55 милиони долари за 55 дена за храмот „Св. Никола“ во Њујорк, па дури и собирање средства за посетата на Патријарх Алексиј II Московски на САД во раните 2000-ти години. Забелешките се дека често отец Алекс делувал повеќе како политички посредник отколку како свештеник.
За неговиот живот неодамна беше објавен фељтон од написи на интернет страницата „Православна Историја“, кој се базира на кажувањата на самиот о. Алекс. Близок до серија на претседатели на САД, меѓу кои Џими Картер, Џорџ Буш постариот, Роналд Реган, Бил Клинтон, Барак Обама и Џо Бајден, неговото значење за односите на Цариградската Патријаршија со властите на САД не може да биде превидено. Помеѓу останатото, о. Алекс раскажува како во 1999 година, претседателот Клинтон ја посетил Турција и се сретнал со Патријархот Вартоломеј во Фанар, каде што, според неговото лично сведоштво: „Патријархот се помоли над Бил Клинтон, а претседателот Клинтон го замоли Патријархот за прошка, и Патријархот го благослови.“ Не е наведено дали ова е поврзано со бомбардирањето на Југославија под раководството на Бил Клинтон, истата 1999 година.







Извор: https://uoj.news/en/news/85251-fr-alex-karloutsos-elevated-to-megas-protopresbyteros
