Откривање на моштите на Свети Никодим (Милаш), Епископ далматински

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот далматински г. Никодим на Српската Православна Црква, на 20 септември 2025 година, во црквата „Свети Спас“ во Шибеник беше извршено откривање на моштите на Свети Никодим Милаш, Епископ далматински.

На овој чин присуствуваа свештеници од Епархијата далматинска, како и сите професори и ученици на Крчката богословија. Митрополитот Никодим во таа пригода ги повика верниците да се соберат на 4 октомври 2025 година во црквата „Свети Спас“, кога Црквата Божја ќе го прослави првиот празник посветен на овој голем исповедник и теолог, кој потекнува од Далмација, а чијшто влијание е немерливо во рамките на целата Српска Православна Црква.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno/14845.obretenje-mostiju-svetog-nikodima-milas,-episkopa-dalmatinskog.html