Националната галерија соопшти преку официјално известување дека навредливите дела од изложбата „Привлечноста на бизарното“ се повлечени, во договор со уметникот.
Во соопштението на Националната галерија се наведува:
„Ве информираме дека, имајќи ја предвид безбедноста на Националната галерија – Музеј Александар Суцос, уметничките дела, вработените и посетителите, како и целта да се воспостави нормално институционално функционирање, уметничките дела на Христофорос Кацадиотис, кои беа изложени на изложбата ’Привлечноста на бизарното’, се отстранети од просторот со согласност на уметникот.“
Утрото во понеделник, на 17 март 2025 година, во утринска емисијата ТВ каналот АНТ1 беше прикажано интервјуто со Архиепископот Атински и на цела Грција, г.г. Јероним, каде тој ја даде својата прва јавна изјава за делата од оваа спорна изложба, која предизвика бурна реакција од страна на пратеникот на партијата „Ники“, Никос Пападопулос, во Националната галерија – за што известивме.
Во оваа прилика Архиепископот Јероним изјави:
„Сите денови се свети, но ние сакаме да ги менуваме. Нема реакции, има ставови. Големото прашање е: приватна ли е оваа установа? Дали ѝ припаѓа лично на уметникот што ги претставил овие дела, или ни припаѓа на сите нас? Да седнеме сериозно и на сериозен начин да размислиме како ќе се справуваме со вакви нешта. Не може секој уметник да ги претставува на ваков начин и да ги имаме овие последици. Одговорноста е на сите нас, од горе до долу“.
