Отворање болница во Газа од Ерусалимскиот Патријарх и Латинскиот Патријарх

Во рамките на нивната заедничка пастирска посета на Газа на 22 јуни 2026 година, за која известивме, Ерусалимскиот патријарх Теофил и римокатоличкиот кардинал Пјербатиста Пицабала ја отворија клиниката на Суверениот воен ред на Малта во ова тешко погодено подрачје.

Заедно со поглаварите на двете цркви се наоѓаат и д-р Јозеф Д. Блоц, Голем болничар на Суверениот воен ред на Малта, како и претставници на меѓународната хуманитарна организација на Малтешкиот ред.

Болницата е екипирана со околу 30 членови на персоналот, вклучувајќи лекари, медицински сестри и фармацевти. Клиниката секојдневно ќе обезбедува примарна здравствена заштита за до 100 пациенти дневно.

Клиниката е основана како резултат на соработка меѓу Редот на Малта и Латинската патријаршија на Ерусалим. Нејзините активности ги координир, хуманитарната служба на Малтешкиот ред.

„Медицинската грижа за луѓето во Газа во моментов се наоѓа во катастрофална состојба“ – изјави д-р Али Ибрахим Ал-Мусадар, медицински директор на клиниката.

„Насилството продолжува и покрај прекинот на огнот. Шеесет проценти од здравствените установи се целосно уништени, а многу други претрпеа сериозни оштетувања.“

Хигиенските услови се исклучително лоши.

„Кожните заболувања се шират“, рече д-р Ал-Мусадар. „Речиси целото население повеќепати било раселувано и зависи од хуманитарна помош. Луѓето доаѓаат овде болни, исцрпени и длабоко трауматизирани, со итна потреба од помош.“

Финансирањето и материјалната поддршка за клиниката ги обезбедуваат германското Министерство за надворешни работи, чешкото Министерство за надворешни работи, акцијата „Германија помага“, Уницеф, Латинската патријаршија на Ерусалим, како и надбискупиите на Минхен и Падерборн.

Од почетокот на војната во Газа во 2023 година, хуманитарната организација на Малтешкиот ред успеала да обезбеди повеќе од 200 тони животоспасувачки материјали за околу 25.000 луѓе кои живеат во парохијата и во нејзината околина – известува грчкиот црковен портал „Ортодоксија“.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/patriarxio_ierosolimon/egkainia-nosokomeiou-sti-gaza-apo-ton-patriarxi-ierosolymon-kai-ton-latino-patriarxi/