Отворање на манастир во Казахстан

Манастирот кој беше затворен од советските власти во 1930 година е повторно отворен со одлука на Светиот архијерејски синод на Московската патријаршија.

На 15 јули оваа година, архијереите од Светиот архијерејски синод на Руската православна црква решија да го отворат Иверонскиот манастир „Св. Петар и Павле“ во селото Октомвриско во Костанската област на Казахстан и да ја назначат монахињата Ника (Отрошенко) за игуменија, известува Patriarchia.ru.

Долги години селската црква беше под контрола на расколници, но во јуни 2023 година таа ѝ беше вратена на Костанската епархија на Руската православна црква.

Манастирот е основан во 19 век и активно се занимавал со добротворна работа. Во 1915 година, во манастирот било отворено сиропиталиште за девојчиња, ќерки на војници. По револуцијата во 1920 година, манастирот бил национализиран. Во 1930 година бил затворен, а неговите згради биле користени како магацини и како техничко училиште. Монахињите продолжиле да живеат во градот во приватни станови и куќи.

Напорите за заживување на овој манастир започнаа во 2023 година. Почнаа да доаѓаат поклоници, беа уредени келии за монахињите, искушеничките и милосрдните сестри.

Извор: https://orthochristian.com/162350.html