Парламентот на Естонија го поддржа законот против Православната Црква

На 4 август 2025 година Уставната комисија на парламентот на Естонија донесе одлука да го поддржи повторното разгледување на амандманите на законот во непроменета форма, кои всушност можe да доведат до забрана на Естонската Православна Црква во државата.

Претходно, претседателот на републиката, Алар Карис, двапати не ги одобри амандманите на законот за цркви, кои беа донесени од пратениците, истакнувајќи дека тие не се во согласност со Уставот на државата и го врати предлог-законот на повторно разгледување во парламентот. Амандманите ја обврзуваат Естонската Православна Црква да го смени својот устав, така што ќе излезе од потчинетост на Московската патријаршија. Во спротивно, Министерството за внатрешни работи на Естонија ќе може да поднесе тужба за ликвидација на православните парохии како правни лица.

Во мај 2024 г., парламентот на Естонија ја прогласи Руската православна црква за институција која ја поддржува специјалната воена операција на Русија во Украина. Подоцна, Лаури Ланеметс, тогашниот шеф на Министерството за внатрешни работи на Естонија, изјави дека очекува прекин на односите на Естонската Православна Црква со Руската Православна Црква и дека Естонската Православна Црква ќе ја прогласи дејноста на Московската патријаршија за ерес.

Владимир Легојда, шефот на синодскиот оддел на Московската Патријаршија за односи на Црквата со општеството и медиумите, изјави дека Министерството за внатрешни работи на Естонија има намера да ја уништи Естонската Православна Црква и да ги принуди верниците да преминат во јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Неодамна Ерусалимската Патријаршија изрази загриженост поради усвојувањето на предлог-законот од страна на Естонскиот парламент и ги повика Естонските власти да ја преиспитаат својата одлука.

Извор: https://tass.ru/obschestvo/24703027