Патријарх Антиохиски Јован: ѝ благодариме на Руската Црква за поддршката

Со учество на претставникот на Руската Црква при Патријаршискиот престол на Антиохија, архимандрит Филип Василцев, Божик беше прославен во Дамаск, по нов календар. Претставникот на Руската Црква учествуваше на светата Литургија во Катедралниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во главниот град на Сирија, на која началствуваше Патријархот Антиохиски и на целиот Исток, г.г. Јован.

Архимандритот Филип му ги пренесе на претстоителот на Православната Црква на Антиохија честитките на Патријархот Московски и на сета Рус, г.г. Кирил, како и на претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Митрополитот Волоколамски г. Антониј, и му подари на Патријархот Јован енколпија со претстава на Рождеството Господово.

Од своја страна, Неговото Блаженство побара да му се пренесат на Патријархот Кирил честитки и поздрави по повод претстојната Нова година и Рождеството Христово. Исто така, Патријархот Јован ја изрази својата благодарност кон Руската Црква за нејзината поддршка на Православната Црква на Антиохија.

Понатаму, Антиохискиот Патријарх ја изрази својата поддршка за прогонуваната канонска Украинска Православна Црква, за нејзиниот претстоител, епископите и верниците, и побара молитви за Православната Црква на Антиохија.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/patriarxio_antioxias/antioxeias-ioannis-eyxaristoume-ti-rosiki-ekklisia-gia-tin-stiriksi/