Патријарх Бугарски Даниил: Геоплитиката да не се вмешува во црковните прашања

По повод навршувањето на две години од изборот и интронизацијата на Бугарскиот патријарх Даниил за претстојател на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија, во Патријаршискиот катедрален ставропигијален храм „Свети Александар Невски“, во Софија, на 30 јуни 2026 година, беше отслужена свечена света Литургија.

Пред почетокот на богослужбата, пред медиумите, патријархот Даниил даде куса изјавз за медиумите, во која нагласи дека оценката за неговото досегашно служење ќе ја дадат православните христијани.

„Она што нè радува е што Бугарската Православна Црква ужива доверба меѓу институциите. За тоа можеме да Му благодариме на Бога и на сите кои ни помагаат во ова дело“ – рече тој.

Според него, во последните години е создадена поволна клима за духовната дејност на Црквата и за донесување важни законски измени.

„И во претходното, и во сегашното Народно собрание – сите промени се случија со голем консензус меѓу политичките партии. Тоа е благопријатно нешто и, дај Боже, да има добар крај“ – истакна патријархот Даниил.

Одговарајќи на прашање за пакетот санкции на Европската Унија против Русија, кој го опфаќа и Рускиот патријарх Кирил, Неговата Светост повика геополитиката да не се вмешува во црковните прашања. Тој потсети и на неодамнешната средба на папата Лав со кардиналите од целиот свет, каде што било изразено мислење дека „санкциите што ги воведува Европската Унија се насочени против едни држави и претставуваат помош за други, но истиот принцип не се применува на други места каде што има воени судири, инвазии и многу побрутални последици за цели народи. Такви санкции не се прифаќаат ниту се предвидуваат, што покажува дека можеби овие санкции служат исклучиво на политички и економски интереси и дека не се бара почитување на меѓународното право“ – додаде патријархот Даниил.

Думи на Българския патриарх Даниил пред медиите по повод две години от избора и интронизацията муДуми на Българския патриарх Даниил пред медиите по повод две години от избора и интронизацията му

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/tarzhestvena-sveta-liturgia-po-povod-dve-godini-ot-izbora-i