На 25 ноември 2024 година, на празникот на Александриската Света Великомаченица Екатерина, денот кога Неговото Блаженство Патријархот Александриски г.г. Теодор II наполни 70 години, тој отслужи Божествена Литургија во параклисот „Успение на Пресвета Богородица“, кој се наоѓа во домот на г-ѓа Аријадна Псилу, во близина на местото каде што почива светата Евтерпија.
По завршувањето на Литургијата, Блаженејшиот ѝ се заблагодари на госпоѓата Аријадна и на нејзиното семејство за нивната љубов и посветеност во грижата за благословениот и прекрасно украсен параклис, како и за долгогодишната поддршка на мисионерското и хуманитарното дело на Патријаршијата.
Потоа, Патријархот ги посети Грчкото училиште и Грчката академија, каде што денес учат повеќе од илјада ученици. Учениците приредија топло добредојде за Патријархот, кој беше придружуван од Високопреосвештениот Митрополит на Зимбабве г. Серафим од Александриската Патријаршија, претседателот на грчката заедница во Хараре – г. Јанис Иконому, г. Андреас Равтопулос – одговорен за функционирањето на училиштата, госпоѓата Елу Кумиду – претставничка на кипарските Грци, свештеникот Георгиос Саганис и претседателот на грчката заедница во Булавајо, г. Паникос Леонтиос.
Директорките на Грчката академија, г-ѓа Сузан Џоселин, и на Грчкото училиште, г-ѓа Лиза Рикард, заедно со наставникот од Грција, Никос Сарис, го пречекаа Александрискиот Патријарх и го запознаа со новата училишна зграда со современи училници и спортски објекти.
Блаженството беше восхитен од новите простории, но уште повеќе од децата кои течно зборуваат грчки и ја негуваат љубовта кон татковината на своите предци. Потоа се поклони во храмот на Пресвета Богородица Хрисомируса, кој беше изграден во рамките на Академијата со поддршка на митрополитите Серафим и Георгиос, дарители од Потамитиса и Лимасол, Кипар, како и семејството Зинон Кукунарис.